ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица

Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица

Борче Грозданов: Смешната страна на бракот
Борче Грозданов: Дантон или не, прашање е сега?!
Лилјана Мазова: Концепт што претставата ја сведува на евтин продукт
Илија Упалевски: Претстава со ризични константи
Тодор Кузманов: Интересна варијанта
Цветанка Зојчевска: Каде е пеколот?
Борче Грозданов: Парите се отепувачка - милионерот си е милионер...
Борче Грозданов: Интересна Шекспирова слика
Даниела Стојановиќ: Возвишена Ода за Мисирков и Македонија
Борче Грозданов: Македонија се кажува и Брехтовски
Александра Бошковска: Обременето и стилски неиздржано
Лилјана Мазова: Цинична игра за животот и приклученијата на власта

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: Возвишена Ода за Мисирков и Македонија

Даниела Стојановиќ
Најубавата ода некогаш испеана на Мисирков, аналогно и на неговата пасија, опсесија, вечна борба, тага, и над се, љубов - Македонија, се изведе во Струмичкиот театар деновиве. На праизведбата на претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски. Текстописецот, се чини, го направил своето најубаво, најзрело, возвишено драмско - епско дело досега, а режисерот го става својот најкомплексен, најцелосен и највозбудлив потпис, во не така долгиот, но исклучително плоден режисерски опус. Но никако не е само нивна заслугата за оваа фантастична сценска приказна, бидејќи за да биде цела и таква каква што е, речиси совршена, огромен е придонесот на композиторот Горан Трајковски кој и додава една драматична брехтовска димензија и сценографијата исклучително мобилна, функционална и крајно инвентивна на сценографот Владо Ѓорески, потоа костимите на Благој Мицевски и на крај, но секако не последни - актерите. Крајно инспирирани и разиграни, предводени од неповторливиот Крсте Јовановски (како Мисирков) кој во овој дожд од суперлативи, исто така, го заслужува истото. Брилијантна актерска игра. „По ова не мора ништо повеќе да одигра“, спомена некој во публиката. И беше во право. Во другите улоги играат и Рујиш Беговска, Ванчо Василев, Ангелина Тренчева, Кољо Черкезов, Васил Михаил, Ванчо Крстевски, Коста Ангов, Бранко Бенинов, Томе Митанов, Стојан Велков - Трн и Кире Ѓорѓиев.
Дејството на претставата е сместено во тој еден, последне ден од животот на македонскиот лингвистички Моцарт - Мисирков и е еден вид реминисценција на битните настани и личности од нашата историја врзани за него, неговиот живот и неговото дело. Во својата паковка, својата структура и визуелизација оваа претстава е една од најевропските македонски претстави, што се случиле во последно време на нашата сцена, исчистена од претеран трагизам, патетика и патос. Функционира како швајцарски часовник, а го крева адреналинот и ги бранува емоциите во типично балкански манир. Воедно е жестока и ужасно директна во осудите и критиките упатени токму кон старата Вавилонска блудница. Нормално од аспект на Мисирков и Македонија. И некогаш и сега.
Публиката во Струмица на трите изведби на претставата по премиерата, го исполнува театарот до последно место. Се седи на скали, се чека пред вратата билет повеќе. А македонскиот театар бил во криза. Кој рече?

Вест, 15.12.2008