ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: За градбата на стариот театар во Скопје

Стариот театар во Скопје

Даниела Стојановиќ: Владата објави тендер за изведувач на стариот театар
Ќе воскресне стариот театар
Љупчо Петрушевски: Обновата на Стариот театар ќе почне напролет
Цветанка Зојчевска: Ќе се прави главниот проект за скопскиот театар
Р.Тодоровска: Реизградбата на стариот театар пред реализација
Сонот треба да го пресоздадеме во живот
Министерот за култура на РМ: Дали непромислените зборови се од повредени суети
Живко Поповски: Архитектите ја бранат професијата од политички насилници
Сунчица Уневска: Асоцијацијата на архитекти на Македонија по повод иницијативата за обнова на стариот скопски театар
И.Андреева: Архитектите се контра возобновување на стариот театар
Цветанка Зојчевска: Министерот за култура контра ставот на архитектите
Лилјана Мазова: Меѓу носталгијата и потребата од нов театарски објект
арх. Живко Поповски: Планираното мора да се реализира доследно и постапно
арх. Петар Мурличкоски: „Однесена од виорот” во неврат!?
арх. Кирил Муратовски: Стариот театар во Скопје - полувековна тема!
Наташа Бунтеска: Ни треба монумент на денешнината, не на минатото
Наташа Бунтеска: Новата зграда - носталгија по старото време
Јасна Франговска: Плоштадот ќе ја удоми Талија!

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Меѓу носталгијата и потребата од нов театарски објект

Кој е, како е изграден, кому служел тој „стар МНТ“ по кој сега копнеат луѓето кои поминале дел од својата младост/живот, а другите оние родени по него а се театарски творци или публика во најмала рака стари 40 години и многу помлади од нив кои не се сеќаваат на него, на оние по нив, на оние кои сега растат или допрва ќе се раѓаат, оние кои допрва ќе стануваат жители на овој град, негови привремени жители или гости - на кои носталгијата ништо не им значи.
Лилјана Мазова
Во интервали во македонската културна, урбанистичка или општествена јавност, кога со поголем кога со помал набој, топ тема и е изградбата/обновата на “стариот објект” на Македонскиот народен театар во Скопје. Исто е и сега: од кон крајот на минатата и оваа година, насекаде се говори и полемизира “за и против”. Донесена е и приоритетна одлука на ниво на држава, објектот да се гради. Прво на неговото старо место - од левата страна на Вардар (сега Меѓуградска автобуска станица), па од десната - до Камениот мост, на местото на некогашниот Офицерски дом.
. Кој е, како е изграден, кому служел тој “стар МНТ” по кој сега копнеат луѓето кои поминале дел од својата младост/живот, а другите оние родени по него а се театарски творци или публика - во најмала рака стари 40 години и многу помлади од нив кои не се сеќаваат на него, на оние по нив, на оние кои сега растат или допрва ќе се раѓаат, оние кои допрва ќе стануваат жители на овој град, негови привремени жители или гости, на кои носталгијата ништо не им значи.
Во Македонија првиот професионален/институционален театар е  формиран во Скопје. Тоа е периодот непосредно пред завршувањето на Втората балканска војна и потпаѓањето на Македонија под српска административна власт/управа. Народно позориште во Скопје во 1913 година го основал Бранислав Нушиќ (1854-1935, реномиран српски комедиограф и искусен театарски оперативец), и во него, со прекини, работи до 1920 година, со актери и друг персонал главно дојден од Народниото позориште во Белград. Театарот, на почеток, бил сместен (привремено), во мошне оштетената зграда на некогашниот турски театар на Шефкет-паша, која била лоцирана на левиот брег на Вардар. Подоцна, на иницјатива на Нушиќ, градени се уште два објекта (едниот изгорел другиот, е урнат од безбедносни причини).
Историјата бележи дека Бранислав Нушиќ, свесен за тоа дека мора да создаде битно поинакви услови за работа, речиси едновремено обезбедува согласност од Министерството за просвета на Србија за изградба на нова театарска зграда (без оглед на војната, одобрението било издадено на 16 мај 1915). Зградата, проектирана од угледниот архитект Јосип Буковац (во 1911 тој ја раководел адаптацијата на Народното позориште во Белград), требало да биде завршена за рекордни три месеци, но во октомври 1915 година, кога изградбата била приведена кон крај, доаѓа до драматична евакуација на Скопје. Во текот на војната бугарската војска ја користи театарската зграда како коњушница. Таа театарска зграда е готова и свечено отворена со тридневна церемонија на 27 октомври 1927 година, во времето на управувањето на Радивоје Караџиќ. Така Скопје и Македонија ја добиваат новата и прва театарска зграда, градена според концепт за театарско/сценски простор: сцена со железна контрукција, најнова електрична инсталација и свое централно греење, гардероби, сали за репетиции, канцеларии, магацински простор и мошне модерен и удобен салон за публиката: партер со 16 редови, со вкупно 23 странични, централни и на галеријата поставени ложи, на првиот балкон со 9 редови, а на вториот 5 редови - вкупно 650 седишта. Тапацирот во фоајето, на фотелјите и на седиштата е од црвен плиш, каква што е и големата сценска завеса, а театарот се именува како Народно позориште “Крал Александр I”.
Во 1941 година, кога Македонија е под окупација на Бугарија, театарот станува Народен театар, во него работат главно бугарски актери, режисери и директори. Пред отворањето, на 3 октомври 1941 година, “кралската ложа” е преименувана во “царска”, а на сценската завеса наместо српскиот кралски  е поставен бугарскиот царски грб. На сцената на Театарот, во неговиот српски и бугарски период, се поставувани главно српски и бугарски автори и дела од светската класика. Во сезоната 1931/32 е направен голем уметнички подем со тоа што на сцената се поставени и инсенациите на оперите “Травијата”, “Мадам Бетерфлај”, “Корневилски ѕвона”, “Орфеј во пеколот”, и неколку оперети. Во него членувале/играле македонските актери Тодор Николиќ/Николовски (1926/27 - 1940/41), Предраг Дишленковиќ ( 1939/40), Перица Алексиќ/Петре Прличко (1040/41), Налча Калипсо (1038/39 - 1940/41) како и уметниците Никола Мартиноски, Тома Владимировиќ/Владимирски, Василие Поповиќ-Цицо. Во периодот 1936-1940 на сцената се  поставени сите клучни пиеси од таканаречениот “втор битов бран” - “Печалбари” на Антон Панов (1936 и 1938), “Чорбаџи Теодос” на Васил Иљоски (1937), “Парите се отепувачка” (1939), “Антица” и “Милион маченици” (1940) на Ристо Крле.
Македонскиот народен театар, во самостојна Македонија, кога конечно почнува да работи на македонски јазик, е формиран на крајот на декември 1944 година, а првата премиера - драма е прикажана на 3 април 1945 година. Во идните неколку сезони се формираат и Балетот и Операта. Во него се работи до земјотресот - 26 јули 1963 година, кога е оштетет, а потоа набрзина и урнат. Негови делови - статуи од фасадата, фотелји и други белези денес се во “приватна” сопственост на поединци.

Нова Македонија