ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: За градбата на стариот театар во Скопје

Стариот театар во Скопје

Даниела Стојановиќ: Владата објави тендер за изведувач на стариот театар
Ќе воскресне стариот театар
Љупчо Петрушевски: Обновата на Стариот театар ќе почне напролет
Цветанка Зојчевска: Ќе се прави главниот проект за скопскиот театар
Р.Тодоровска: Реизградбата на стариот театар пред реализација
Сонот треба да го пресоздадеме во живот
Министерот за култура на РМ: Дали непромислените зборови се од повредени суети
Живко Поповски: Архитектите ја бранат професијата од политички насилници
Сунчица Уневска: Асоцијацијата на архитекти на Македонија по повод иницијативата за обнова на стариот скопски театар
И.Андреева: Архитектите се контра возобновување на стариот театар
Цветанка Зојчевска: Министерот за култура контра ставот на архитектите
Лилјана Мазова: Меѓу носталгијата и потребата од нов театарски објект
арх. Живко Поповски: Планираното мора да се реализира доследно и постапно
арх. Петар Мурличкоски: „Однесена од виорот” во неврат!?
арх. Кирил Муратовски: Стариот театар во Скопје - полувековна тема!
Наташа Бунтеска: Ни треба монумент на денешнината, не на минатото
Наташа Бунтеска: Новата зграда - носталгија по старото време
Јасна Франговска: Плоштадот ќе ја удоми Талија!

______________________________________________________

И.Андреева: Архитектите се контра возобновување на стариот театар

Дебата околу идејата на министерот за култура

Асоцијацијата на архитектите е контра иницијативата на минисsтерот за култура Благоја Стефановски да се гради нов театар кој би бил реконструsкција на стариотр скопски предземјотресен театар. Кај архитектите има дилема: дали треба да градиме театар, каде да го градиме, и конечно, ако се гради по истите проекти како што беше стариот дали ќе одговара на денешново време и во однос на неговиот капацитет, на стилистика на архитектура, и на техничките потреби што ги претпоставува модерниот театар.
Ова се случуваше завчера на специјално закажана дебата на која , освен Никола Жерновски кој е меѓу иницијаторите за изградба на ново стариот театар, поголем број архитекти беа против возобновување на стариот театар бидејќи "функционално не може да ги задоволи потребите на еден нов, современ и модерен театар".
Професорот по архитектура Живко Поповски го кажа ставот на Архитектонската академија :"Нема оправдување во овој миг да се инвестира во ваков објект согласно со економската состојба. Нон сенс е да се гради стар театар, кога големината на стариот театар може да се смести во фоајето на МНТ ".
Архитектот Кирил Муратовски тоа го поткрепи со точни мерки: главната сцена имала димензии 11 на 12 метра, споредната сцена 7 на 7 метра, а фоајето ја имало квадратурата од 65 метра. Според него "Со градба што стилски припаѓа на доцен класицизам со елементи на барок, не треба да се оптоварува младата генерација со носталгијата која ќе ни направи еден скап атер" и дека на стариот театар душата му ја давале тогашните актери и публика, а не градбата.
Архитектот Кокан Грчев смета дека локацијата во Еврејско маало каде беше театарот е депласирана и не е податна за градби, оти уште на времето во 1927 година кога се градел театарот требало да се копаат темелите кои 4 до 5 пати ја надминале предвидената цена. Мирослав Грчев пак рече "Доколку тој театар би се реконструирал само од причини да остане маркер паметник на градот, а да ја нема функцијата на театар, тогаш се отвара сосема друго прашање"..
Архитектот Трајко Димитров протестраше дека во комисијата што ја формира Министерството за култура која треба да ја изготви проектната програма да се ангажира поголема екипа, која освен еминентни архитекти и проектанти, ќе вклучува и луѓе од фелата на театарот кои ќе изработат обемен елаборат на таа тема. "Ако е целта со градењето на театарот да му ја обноват меморијата на Скопје, ова е најпогрешен потег", рече Димитров.
Асоцијацијата на архитектите ја отфрлаат комплетно идејата старо-новиот театар да се гради на Плоштад на местото од урнатиот Охфицерски дом затоа што ќе се изгуби автентичноста на театарот на што и се инсистира за негова изградба, а Ранчо Христов прокоментира:"Дебилна е идејата да се шета театарот од едно место на друго, а и локацијата не е во контекст со градот".

Вест, 11.06.2004 г.