ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Борче Грозданов: Магот Петре е жив!

Борче Грозданов
Бол, сон, радост, плач, заблуди, живот, надеж, војни, смрт... насмевка за самите себеси, магија, збор, Љубов... слика... театарска, отсонувана, напати небаре вистинска, доживеана... и сето тоа заедно со големиот маг на нашето писмо - Петре М.Андреевски. Со тоа се потврди дека тој и тоа како бил, е и ќе биде уште долго жив! Тој сведок на нашиот искон од бол до ритуал, од смеа до солза - внесе магија во нашата меморија... И таа магија мораше повторно некаде да се роди, да се види ... се случи на сцената на Драмскиот театар, со режисерскиот ракопис на Владо Цветановски и на една фантастично енергична екипа, која ги инсценираше и одлично ги вообличи „Сите лица на Петре М.Андреевски“ - во успешен обид за сублимација на сето претходно образложено и кажано во овој текст за големиот творец, за нашето минато, за нашата реалност, сегашност и промисла за иднината...

Авторот и актерот со сите лица на Петре М.Андреевски, е Ѓорѓи Јолевски, кој сето свое знаење и умеење го употреби за уште едно осведочување на актерска енергија која е нераскинлив, позитивен дел од Театарот... Едно големо БРАВО и за десетте актерски појави, индивидуи, тела и умови: Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Борче Начев, Маја Вељковиќ Пановска, Бошко Бозаџиевски, Гордана Ендровска, Филип Трајковиќ, Жаклина Петровска, Димитрија Доксевски, Димитар Ѓоргиевски... секој од нив и како дел од хорскиот збор и молитва и преку индивидуален изблик, точно си го најде своето место на сцената... Метафизичкиот круг се затвори со уште еден многу интересен потег - на сцената во живо, сега и тука, сликаше синот на Петре, Сергеј Андреевски.

И како што веќе сме навикнати да гледаме во препознатливиот ракопис на Цветановски неизбежен дел беше и видеоапликацијата која „шеташе“ речиси низ сите дела на големиот автор, како впрочем и на сцената: „Пиреј“, „Бежанци“, „Дениција“, „Неверни години“, „Небеска Тимјановна“, „Сите лица на смртта“, „Скакулци“, „Последните селани“... со извонредната драматизација на Јелена Цветановска. Видео сведоци на настанот беа и Милица Стојановска, Кирил Ристовски, Мими Таневска, Владо Јовановски, Петар Мирчевски, Диме Илиев, Снежана Стамеска, Билјана Беличанец - Алексиќ и Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Лилјана Велјанова, Марија Кондовска, Виолета Шапковска и Викторија Анѓушева.

За чувството на убавина и архаичност воедно да биде комплетно придонесе и одличната етно-музика на Оливер Јосифовски, како и ангажманот на Владо Ѓоревски со сценографијата и Благој Мицевски со костимите... магијата започна и заврши по старомакедонски - во холот на Драмски бевме дочекани и испратени со леб, сол, вино и ракија... БРАВО!

Вечер, 14.05.2008