ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава

Иван Ивановски
Во последно време како се почесто да е навраќањето на највидните претставници на светската театарска авангарда. Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје уште не заврши прикажувањето на изложбата на фотографии по повод 100-годишнината од раѓањето на Самјуел Бекет, а веќе следуваше нова средба со едно друго знаменито име на театарот на апсурдот, Јонеско, преку реализирањето на премиерата на неговиот драмски текст „Делириум за двајца“, во продукција на Драмскиот ансамбл на МНТ. Небаре сакаме да дополниме се што сме пропуштиле не со години, туку со децении, во запознавањето и презентацијата на дела од авангардата, кои веќе од поодамна се сметаат за класика!

Драмата „Делириум за двајца“ е малку или воопшто познат и реткоизведуван текст. Но, и покрај тоа, и оваа Јонескова драма ги содржи битните одлики и специфики на неговото драмско писмо - со средствата на модерната гротеска да се прикаже бесмисленоста на реалноста, на животот, при што се фаворизираат логичните реакции и состојби на духот. Како и во спомнатите најпознати Јонескови пиеси, така и во „Делириум за двајца“ сретнуваме многу елементи на иронија и сарказам во сугерирањето на сеопштиот хаос, при што авторот не бара излез од него.

Овие и низа други специфики на Јонесковата драматургија, а во тој контекст и на пиесата „Делириум за двајца“, режисерот од помладата генерација Дејан Пројковски, кој влезе со извесно искуство и афинитети во поставувањето драмски текст од овој автор (пред неколку сезони на сцената на Народниот театар Куманово успешно го режираше Јонесковиот драмски текст „Кралот умира“), успеа да ги прикаже со јазикот на модерната сцена. Тоа ќе рече дека мошне сигурно, компетентно, па и супериорно навлезе во Јонесковиот карактеристичен драмски говор, прикажувајќи ја пиесата за која станува збор во сета нејзина повеќеслојност и поливалентност, низ среќниот спој на трагичното и комичното, низ менувањето на стиловите итн. Заслуга е на режисерот Пројковски, а исто така и на одличното актерско дуо: Георги Јолевски и Искра Ветерова, откривањето нови валери во глумата, нови простори на сценското изразување. Оттука и неоспорната свежина и инспиративност што произлегува и од постановката и од играта на актерите, кои прават една нераскинлива целина. Како резултат на севкупниот мошне содржаен и студиозен лабораториски пристап и ангажиран, креациите на Ветерова и Јолевски од почеток до крај импонираа со своевидниот оригинален артизам, со посебната физиономија на игра.

Композицијата на нивните ликови, особено во истакнувањето на детаљот, во играњето без текст, со гест и мимики, беше доведена до импресивно ниво, до високо мајсторство. Со еден збор и Јолевски и Ветерова презентираа изградени и одредени ликови мотивирани во текот на целата изведба што им овозможи со својот богат актерски темперамент и енергија да ја откријат повеќезначноста на текстот.

Во пиесата „Делириум за двајца“ настапија и младите актери: Даниела Стојковска, Димитрија Доксевски и Бошко Бозаџиевски.

Авторската музика на Горан Трајковски е свежа и по малку необична, каква што впрочем е и изведбата на пиесата „Делириум за двајца“. Да го одбележиме придонесот уште и на творците од Битола: Владо Ѓоревски (сценографија), Благој Мицевски (костимографија), Христо Бојаџиев (автор на фотографија) како и на Искра Шукарова (сценски движења).

Време, 23.12.2006