ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот

Лилјана Мазова
Во време кога репертоарот на театарските куќи во земјава главно е сведен на мали проекти, на претстави кои се прогласуваат за експеримент, време во кое се прогласуваат свои тимови за работа и „големи чуда“, а програмата да е една голема празнотија, и што уште не, респектабилен факт е некој да помисли, на пример, на претстава по литература на големиот Фјодор. М. Достоевски, на неговите Браќата  Карамазови, на нивна драматизација на Андреј Хинг. Ова, сепак како исклучок и реализација, го има во Народниот театар во Битола во режија на Дејан Пројковски. Уште поголемо изненадување е што со таа претстава (17 август) заврши театарскиот дел на годинашната, најблаго кажано, тенка театарска програма на Охридското лето. И тоа како претстава вон селекцијата на селекторот, на покана/заложба на директорот на фестивалот.

Речиси два и пол часа публиката во неудобниот салон (Центар за култура „Григор Прличев“) не го чувствуваше задушливиот простор во кој на сцената и среде публиката исклучиво актерите на Битолскиот театар (без гости) со енергија здружена во идејата на Пројковски, го одиграа специфично сложениот систем на Достоевски во Браќата Карамазови за сето она што е стожер на човековиот дух. Како цивилизациски систем и како цивилизациска егзистенција за со што е вечна борба и љубов во човека. Како театарски систем во кој е актерот сместен во лавиринтот на денешната човекова безнадежност, на распаќето на кое се омразата а не љубовта, можното простување, (не)благодарноста, казната, откупот, соперништвото, односот кон жената (предмет и заборав) и кон брачните или вонбрачни деца, продуховеноста, проклетството, дијалогот со Бога и посветеноста или оддалеченоста од него, животот и смртта...

Играта и концептот за деструкцијата на човековата двострана личност, како поим за „карамазовштината“ на Достоевски, човековата немоќ да се спротивстави на стихијноста на својата природа и со она што натаму е последица на судирите меѓу луѓето, како идеолошка и филозофско-религиозна карактеристика со психолошко-криминалистичка пореметеност на човековата природа, Пројковски го  гради низ играта на актерите во која средишна парабола е судбината на човекот и неговата иднинана. Го „поместува“ дејствието низ ликот на третиот брачен син на Фјодор Михајлович Карамазов  Алексеј Фјодорович Карамазов кого го игра Огнен Дранговски. Тој е отелотворување на евентуално можното прочистување во вербата за новиот човек, иако таквото „претскажување“ е мрачно. Сепак, с ја пододотвора вратата на вербата, па макар таа била и само пророшка.
Значи, Пројковски со екипата во која секој од актерите има свое место со систематски обликуван лик, создава театар во кој соработуваат и веруваат сите, вклучително и публиката. Во тој процес/систем, битна е опитноста на режисерот од и со секој од екипата да соработува на ниво на доверба во поставената задача: театар што го дефинира како денес можно „пристаниште“. Довербата и соработката во креирањето ја има кај целата екипа. Секој својот лик го создава верувајќи во него и во неговото препознавање денес. Митко С. Апостоловски стамено го игра таткото Фјодор, Петар Горко е шармантниот и Јувствителен Дмитриј, Иван ЈерЈиќ е Иван, Мартин МирЈевски е Смердјаков, Илко Стефановски е Глигориј ВасилевиЈ, Соња Михајлова е Ѓаволот, Душко Јовановиќ е Пјотр, Јулијана МирЈевска ја игра Катарина, Викторија Степановска е Грушенка, Соња Ошавкова е грофицата Хохлакова, Слободан Степановски е Иследникот, Валентина Грамосли ја игра Лиза, Петар МирЈевски е мудриот и во мизансценот одвоено поставен Зосима, НиколЈе ПројЈевски го игра отец Јосиф и Филип Мирчевски е богословот Ракитин. Секој од нив е во позиција да го гради ликот во театраската приказна која го покажува духот и состојбата на човекот денес (и секогаш).

Обликуваниот простор по мерка на идејата и на актерите е на Владо Ѓоревски-Рафик, костимите на Благој Мицевски и музиката на Горан Трајковски, кои заедно создаваат театар на кој му се верува во ова не многу театарско време.

Форум, 04.09.2009