ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Македонски автори во странство

Македонски автори во странство

Русомир БОГДАНОВСКИ - драмски автор
Зоја БУЗАЛКОВСКА - режисер
Весна ГИНОВСКА-ИЛКОВА - оперска пејачка
Деан ДАМЈАНОВСКИ - режисер
Дејан ДУКОВСКИ - драмски автор
Љупчо ЃОРГИЕВСКИ - режисер
Мето ЈОВАНОВСКИ - актер
Дритро КАСАПИ - режисер
Трајче КАЦАРОВ - драмски автор
Љупчо КОНСТАНТИНОВ - композитор
Жанина МИРЧЕВСКА - драмски автор
Владимир МИЛЧИН - режисер
Бајруш МЈАКУ – актер
Александар ПОПОВСКИ - режисер
Иван ПОПОВСКИ - режисер
Никола РИСТАНОВСКИ - актер
Горан СТЕФАНОВСКИ - драмски автор
Борис ТРАЈАНОВ - оперски пејач
Слободан УНКОВСКИ - режисер
Крсте С. ЏИДРОВ - сценограф

______________________________________________________

Слободан УНКОВСКИ - режисер

2008:
Народно позориште – Белград, Србија: премиерна постановка на драмата Фигаровата женидба и развод.

2006:
Југословенско драмско позориште – Белград, Србија: премиерна постановка на драмата Брод за кукли од Милена Марковиќ.

2005:
Словенско народно гледалишче – Нова Горица, Република Словенија: премиерна постановка на драмата Зелената птичка од Карло Гоци.

Национален театар – Атина, Република Грција: премиерна постановка на драмата Крал Лир од Вилијам Шекспир.

2003:
Национален театар – Атина, Република Грција: премиерна постановка на драмата Четвртата сестра од Јануш Гловацки.

Југословенско драмско позориште – Белград, Србија и Црна Гора: премиерна постановка на драмата Галеб од Антон Павлович Чехов.

2002:
Словенско народно гледалишче – Љубљана, Република Словенија: премиерна постановка на драмата Четвртата сестра од Јануш Гловацки.

Југословенско драмско позориште – Белград, Србија и Црна Гора: премиерна постановка на драмата Шини од Милена Марковиќ.


***
Слободан Унковски
Дипломира на отсекот за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на проф. Вјекослав Африќ (1971). Работи во  Драмски театар Скопје како драматург и режисер (1971-1981). Од 1981 до 1983 година е слободен уметник. Од 1983 до 1987 година е доцент по предметот сценска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, од 1987 е вонреден, а од 1990 година е редовен  професор и води класа за театарска режија. Предава на отсекот за драма на постдипломските студии по режија на Бруклинскиот колеџ  (1987-1988) и на постдипломските студии по режија и актерска игра на Институтот за напредна театарска обука при Харвардскиот универзитет (1988-1989). Има статус на Артист-ин-Рециденце во Американскиот репертоарен театар, Кембриџ, САД.
Во периодот 1996-1998 е министер за култура на Република Македонија. Режирал околу 80 претстави.

Селективна театрографија: Јунона и паун (1971); Ништо (1972); Јас, Клаудиј (1973); Јане Задрогаз (1974); Хамлет (1977); Ослободувањето на Скопје (1978); Диво месо (1979); Хрватски Фауст (1982); Среќна Нова '49 (1985); Тетовирани души (1987); Чернодрински се враќа дома (1992); Поблиску (1999) Мизантроп (2000); Зимска бајка (2000); Татко (2003).

Режии надвор од Македонија: Тетовирани души (Театар на Мала Брона, Москва, 1987); Кавкаски круг со креда (Американски репертоарен театар, Кембриџ, САД, 1989); Театарски илузии (Југословенско драмско позориште, Белград, 1991); Пеер Гинт (Словенско Народно Гледалишче, Драма, Љубљана, Словенија, 1992); Сараево (меѓународна копродукција за отворањето на Антверпен - културен центар на Европа, 1993); Хер Халевин (Нова сцена, Антверпен, Белгија, 1994); Буре барут (Југословенско драмско позориште, Белград, 1995); Зимска бајка (Американски репертоарен театар, Кембриџ, САД, 2000); Дванаесеттата ноќ (Младинско гледалишче, Љубљана, 2001); Четвртата сестра (Национален Театар, Атина, Грција, 2003).

Награди: Златен венец за најдобра претстава во целина на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за претставата Ништо (Сараево, 1973); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Јане Задрогаз (Нови Сад, 1975); Вонредна награда за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Јане Задрогаз (Нови Сад, 1975); Награда на град Скопје 13 Ноември (1976); Награда 11 Октомври (1979); Златен венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Златен венец за претстава во целина на Фестивалот МЕСС за претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Диво месо (Нови Сад, 1980); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје за претставата Диво месо (Нови Сад, 1980); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда Бојан Ступица за режија на претставата Хрватски Фауст (1983); Златен венец за најдобра режија на Фестивалот МЕСС за претставата Хрватски Фауст (Сараево,  1983); Златен венец за претстава во целина на Фестивалот МЕСС за претставата Хрватски Фауст (Сараево, 1983); Награда на Тркалезната маса на критиката за најдобра претстава на Фестивалот Стериино позорје за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Хрватски Фауст (Нови Сад, 1983); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Среќна Нова '49 (Нови Сад, 1985); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Среќна Нова '49 (Нови Сад, 1985); Награда за најдобра претстава во целина на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Кула вавилонска (Нови Сад, 1990); Награда за најдобра режија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата Кула вавилонска (Нови Сад, 1990); Награда за најдобра претстава на Фестивалот Алпи Адрија, за претставата Пер Гинт (1991); Гран-при на Фестивалот БИТЕФ (Белградски интернационален театарски фестивал) за претставата Театарски илузии (Белград, 1992).