ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Македонски автори во странство

Македонски автори во странство

Русомир БОГДАНОВСКИ - драмски автор
Зоја БУЗАЛКОВСКА - режисер
Весна ГИНОВСКА-ИЛКОВА - оперска пејачка
Деан ДАМЈАНОВСКИ - режисер
Дејан ДУКОВСКИ - драмски автор
Љупчо ЃОРГИЕВСКИ - режисер
Мето ЈОВАНОВСКИ - актер
Дритро КАСАПИ - режисер
Трајче КАЦАРОВ - драмски автор
Љупчо КОНСТАНТИНОВ - композитор
Жанина МИРЧЕВСКА - драмски автор
Владимир МИЛЧИН - режисер
Бајруш МЈАКУ – актер
Александар ПОПОВСКИ - режисер
Иван ПОПОВСКИ - режисер
Никола РИСТАНОВСКИ - актер
Горан СТЕФАНОВСКИ - драмски автор
Борис ТРАЈАНОВ - оперски пејач
Слободан УНКОВСКИ - режисер
Крсте С. ЏИДРОВ - сценограф

______________________________________________________

Никола РИСТАНОВСКИ - актер

Никола Ристановски, најтрофејниот македонски актер, во периодот од април 2009 до мај 2010 година, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата Дервишот и смртта, работена според култниот роман на Меша Селимовиќ, во драматизација на Борислав Михајловиќ-Михиз, а во режија на Егон Савин (премиерно изведена на сцената на Народно позориште - Белград), добил д е с е т  (10!!!) респектабилни награди. И тоа:
-    Награда за најдобар актер на Меѓународниот фестивал на мали сцени (ISSTF) – Риека, Хрватска (2010)
-    Наградата „Св.Ардалион“ на Театарскиот фестивал во Ужице, Србија (2010)
-    Награда „Раша Плаовиќ“ – Белград, Србија (2009)
-    Награда „Зоран Радмиловиќ“ на Фестивал во Зајечар, Србија (2009)
-    Награда „Зоранов БРК“ на Фестивал во Зајечар, Србија (2009)
-    Награда за најдобар актер на Фестивалот „Стериино позорје“, Нови Сад, Србија (2009)
-    Награда за најдобар актер на Фестивалот „Петар Кочиќ“ – Бања Лука, Р.Српска/Босна и Херцеговина (2009)
-    Награда за најдобар актер на Фестивалот на БиХ драма – Зеница, Босна и Херцеговина (2009)
-    Награда за најдобар актер на Фестивалот „Јоаким Вујиќ“ – Крагуевац, Србија (2009)
-    Награда за најдобар актер на Фестивалот во Пожаревац, Србија (2009).

2011:
Атеље 212 – Белград, Србија: премиерна постановка на претставата Господа Глембаеви од Мирослав Крлежа.

2008:
Народно позориште – Белград, Србија: премиерна постановка на претставата Дервишот и смртта од Меша Селимовиќ.

2007:
Црногорско народно позориште - Подгорица, Црна Гора: во премиерната постановка на драмата Злосторство и казна од Фјодор Михаилович Достоевски, во режија на Егон Савин.

2006:
Београдско драмско позориште - Белград, Србија: во премиерната постановка на драмата Коза од Едвард Олби, во режија на Егон Савин.

2003:
Црногорско народно позориште - Подгорица, Црна Гора
: во премиерната постановка на драмата Малограѓани од Максим Горки, во режија на Паоло Маџели.

***
Никола Ристановски
Дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1993). Од 1994 година работи во Драмата на Македонскиот народен театар. Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија и надвор од земјата. Најтрофејниот актер од Македонија со голем број на награди добиени и за претстави продуцирани надвор од матичната земја.

Селективна театрографија: Џинот (Џинот и седумте џуџиња, 1992); Гоце Делчев (Женски прилог за ноќта, 1993); Управникот (Бунт во домот за старци, 1994); Родион Романович Раскољников (Злосторство и казна, 1994); Андреа (Буре барут, 1994); Болен Дојчин (Лепа Ангелина, 1995); Леоне Глембај (Глембаеви, 1996); Доктор Фалус, Лулу, Шејтанот (Маме му ебам кој прв почна, 1997); Лопахин Ермолај Алексеевич (Вишновата градина, 1997); Ден (Поблиску, 1999); Димитрија (Диво месо, 2001); Осман бег (Балканот не е мртов, 2001); Магдо, љубов моја (2003); Ослободување на Скопје (2003); Вершињин (Три сестри, 2004); Бег Пинторовиќ (Хасанагиница, 2004); Дон Жуан (Дон Жуан, 2005); Карлсон (Близок град, 2006); Алекса Жуњиќ (Сомнително лице, 2007); Ван Хелсинг (Дракула, 2008); Јуда (Свето срце, 2009)

Улоги надвор од Македонија: Малограѓани (Црногорско народно позориште - Подгорица, 2003); Лажни цар Шчепан Мали (Црногорско народно позориште - Подгорица, 2004); Нигде никог немам (Црногорско народно позориште - Подгорица, 2004); Доктор (Петар Цетињски, Црна гора, 2006); Ракољников (Злосторство и казна, Црна Гора, 2007); Ахмед Нурудин (Дервишот и смртта, Белград, 2008).

Селективна филмографија: Светло сиво (1993); Преку езерото (1997); Збогум на дваесеттиот век (1998); Буре барут (1998); Папокот на светот (2005); Роде у магли (2008); Ова не е американски филм (2009) и The Little nLove God (2010).

Награди: Награда на ревијата Екран за најдобро актерско остварување за улогата на Раскољников во претставата Злосторство и казна (1994); Награди за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп за улогите на: Управникот во претставата Бунт во домот за старци (1994); Доктор Фалус, Лулу, Шејтанот во претставата Маме му ебам кој прв почна (1997) и Лопахин во претставата Вишновата градина (1998). Награда за најдобро актерско остварување за улогата во претставата „Дон Жуан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп (2006); Награда „Златен ловоров венец“ за најдобро актерско остварување за улогите во претставите „Дон Жуан“ и „Никаде никого немам“ на фестивалот МЕС Сараево (2006); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народно позориште Белград) на Стеријино позорје (2009), Награда за најдобар актер на ИССТФ - Ријека, Хрватска за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народно позориште Белград), за истата претстава ги добил и наградите за најдобар актер на „Ардалион“ Ужице (2009), „Раша Плаовиќ“ - Белград (2009), на Народно позориште Белград (2009), наградата „Зоран Радмиловиќ“ на Фестивал во Зајечар (2009), Најдобар актер на Фестивалот „Петар Кочиќ“ во Бања Лука, Наградата за најдобар актер на Фестивалот на Босанскохерцеговачката драма во Зеница, Босна и Херцеговина, најдобар актер на фестивалот „Јоаким вујиќ“ во Крагујевац, Србија, награда за најдобар актер на Фестивал во Пожаревац, Србија.