ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Македонски автори во странство

Македонски автори во странство

Русомир БОГДАНОВСКИ - драмски автор
Зоја БУЗАЛКОВСКА - режисер
Весна ГИНОВСКА-ИЛКОВА - оперска пејачка
Деан ДАМЈАНОВСКИ - режисер
Дејан ДУКОВСКИ - драмски автор
Љупчо ЃОРГИЕВСКИ - режисер
Мето ЈОВАНОВСКИ - актер
Дритро КАСАПИ - режисер
Трајче КАЦАРОВ - драмски автор
Љупчо КОНСТАНТИНОВ - композитор
Жанина МИРЧЕВСКА - драмски автор
Владимир МИЛЧИН - режисер
Бајруш МЈАКУ – актер
Александар ПОПОВСКИ - режисер
Иван ПОПОВСКИ - режисер
Никола РИСТАНОВСКИ - актер
Горан СТЕФАНОВСКИ - драмски автор
Борис ТРАЈАНОВ - оперски пејач
Слободан УНКОВСКИ - режисер
Крсте С. ЏИДРОВ - сценограф

______________________________________________________

Владимир МИЛЧИН - режисер

2004:
Народен театар - Приштина
:
премиерна постановка на драмата Роберто Зуко
од Бернар Мари Колтес.

***
Владимир Милчин
Дипломира на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во класата на проф. д-р. Хуго Клајн (1970). Тој е сновач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970). Заедно со Слободан Унковски ја води алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Драматург е и режисер во Драмата при Македонскиот народен театар (1970-1982). Хонорарно води актерска класа на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1972-1974). Еден е од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983).

Од 1982 година води класа за актерска игра на Факултетот за драмски уметности. Извршен директор е на Институтот Отворено општество Македонија (од 1992). Режирал околу 80 претстави.

Селективна театрографија: Кактус-коктел бр. 1 (1965); Бла блу (1965); Конференција, како тоа бесконечно звучи; Кактус под чадор (со Слободан Унковски, 1967); Пантаглез (1970); Скици од преданието Каинавелско (1970); Фарса за храбриот Науме (1971); Тесен пат кон далечниот север (1972); Сојка (1975); Славата и смртта на Хоакин Муриета (1976); Соблазна во Шентфлоријанската долина (1976); Големата вода (1977); Обесеник (1979); Хасанагиница (1979); Свечена вечера во погребното претпријатие (1980); Најмалото театарче на светот „Зелената гуска“ (1980); Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинската фарма“ од Џорџ Орвел (1981); Пепелашка во поправен дом (1982); Натемаго на Филозофскиот факултет (1983); Сцени за шмеќарите (1984); Дожд во Уертомонто (1985); Калуѓерички тишини (1987); Баал (1987); Спиро Црне (1989); Лонг плеј (1990); Крик (1991); Централен затвор (1992); Лулка (1992); За непознатиот (балет, 1992); Крал Лир (1995); Коските што доаѓаат доцна (1998); Мурлин Мурло (1998); Лудиот Ибрахим (1999); Аудиција (2001); Демони (2001); Искрените (2002); Колку пати ќе умираме (2003); Дервишот и смртта (2003); Марисол (2004); Вишновата градинка (2005).

Режии надвор од Македонија: Големата вода од Живко Чинго (Театар „Нова сцена“, Братислава, тогаш: Чехословачка/ЧССР; забранета по првата генерална проба; 1977); Големиот училишен час, ораториум на отворено, по музика на Ристо Аврамовски и текст на Лилјана Чаловска (Крагуевац, 1977); Маскерада од Лев Бирински (Хрватско народно казалиште „Аугуст Цесарец“- Вараждин, Хрватска, 1982); На домашна нега од Иван Бакмаз (Хрватско народно казалиште „Аугуст Цесарец“- Вараждин, Хрватска, 1983); Конфитеор од Слободан Шнајдер (Покраинско народно позориште, Албанска драма - Приштина, Југославија, 1984); Бахантки од Еврипид (Летни игри - Дубровник, Хрватска, 1984); Дервишот и смртта од Меша Селимовиќ, драматизација Владимир Милчин (Покраинско народно позориште, Албанска драма - Приштина, Југославија, 1985); Зеф Љуш Марку од Акил Коци - балет (Покраинско народно позориште, Балет - Приштина, Југославија, 1986); Брегот на жалоста од Теки Дервиши  (Покраинско народно позориште - Приштина, 1987); Самоубиец од Николај Ердман (Хрватско народно казалиште, Сплит, Хрватска, 1988); Клавиго од Ј.В.Гете (Новосадско позориште - Нови Сад, 1988);  Руво од Шемседин Гегиќ (Народно позориште - Зеница, 1989); Предел сликан со чај од Милорад Павиќ (Народно позориште-Зеница, 1989); Свети Сава од Синиша Ковачевиќ (Народно позориште-Зеница, 1990); Клетиот пејач од Мишел де Гелдерод (Хрватско народно казалиште, Сплитско лето, Сплит, Хрватска 1991); Беспаќето на куклата од Сафет Плакало (Камерен театар 55 - Сараево, 1991); Смртта на Дантон од Георг Бихнер (Национален театар Тирана, Албанија, 1996).

Награди: Награда за најдобра режија на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за претставата Обесеник (Прилеп, 1979); Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Свечена вечера во погребното претпријатије (1980); Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобра драматизација на романот Дервишот и смртта (Нови Сад, 1986); Плакета Јурислав Корениќ на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за режија на претставата Дожд во Уертомонто (Сараево, 1986); Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Калуѓерички тишини (Прилеп, 1987); Награда Јудита за режија на претставата Клетиот пејач, Фестивал Сплитско лето (1991); Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Коските што доаѓаат доцна (Прилеп, 1998); Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Лудиот Ибрахим (Прилеп, 1999). Награда за најдобра режија на МТФ Војдан Чернодрински за претставата Колку пати ќе умираме (Прилеп, 2003); Награда од весникот „Нова Македонија“ за претстава во целина на 39.МТФ „Војдан Чернодрински“., за претставата Дервишот и смртта (Прилеп, 2004).