ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Љупка ЏУНДЕВА - актерка

Љупка Џундева
(11 јули 1934, Скопје)

Завршува Државна средна театарска школа во Скопје (1951). Од 1951 до пензионирањето во 1990 година работи во Драмата на Македонскиот народен театар. Таа е актерка со долга, трпеливо градена и маркантна театарска кариера.

Макар што зад себе има повеќе од  пет децении континуиран стаж (дебитирала 1951), оваа  рафинирана актерка успеала целосно да ги сочува грацилноста,  искреноста и  убавината,  со која ги збогатувала и продолжува да ги збогатува  сите свои креации, реализирани во апсолутно сите македонски медиуми (театар, радио, телевизија, филм).

Селективна театрографија: Сузан Волкот (Вештерките од Салем, 1955); Марија (Ревизор, 1956); Амелија (Домот на Бернарда Алба, 1956); Свршеничката (Крвави свадби, 1962); Коломба (Коломба, 1965); Џејн Сејмур (Хенри VIII и неговите жени, 1967); Розаура (Венецијански близнаци, 1968); Наталија Ивановна (Три сестри, 1970); Порција (Венецијанскиот трговец, 1970); Доилката (Фарса за храбриот Науме или како Растрбушентиј и Маснотиј заработија пари за гостилница, 1971); Оливера Срезовска (Ѕидот, водата, 1973); Евдокија Ортакоска-Жарот (Време за пеење, 1975); Зинаида Савишина (Иванов, 1984); Ана Андреевна (Ревизор, 1987); Ирина Николаевна Аркадина (Галеб, 1990).

Награди: Награда за актерско остварување на Фестивалот Недела на југословенската радио-драма за улогата на Влатка во радио-драмата Не гледајте во ангелите од Томе Арсовски (1971); Награда на град Скопје 13 Ноември (1983); Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 2000); Награда 11 Октомври за животно дело (2000).