ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Ратка ЧОРЕВСКА - актерка

Ратка Чоревска
(25 февруари 1924, Штип)

Кариерата ја започнала 1950, на сцената на Народниот театар во Битола, каде што континуирано играла и по пензионирањето, останувајќи активна актерка цели 44 години (до 1994).
Одиграла 89 најразлични улоги, многупати мали или помали, исполнувајќи ги – секогаш – со  автентичен жар и искрена преданост кон професијата. Една е од оние драгоцени актерки коишто треба да бидат сметани за столб на секој  театарски ансамбл.

***

Селективна театрографија: Саветка (Антица, 1950); Мартирија (Домот на Бернарда Алба, 1958); Лучила (Дубровнички ѓаволштилак - Пјерин, 1960); Цонка (Чорбаџи Теодос, 1962); Ана (Покојник, 1964); Велика (Бегалка, 1964); Даниела (Разбојници, 1967); Евгенија (Окрвавен камен, 1968); Стоја (Нечиста крв, 1971); Тештата (Крвави свадби, 1971); Меги Скат (Нашето бебе, 1972); Велика (Бегалка, 1972); Антоанета (Бубачки в глава, 1973); Раиса Филиповна (Самоубиец, 1973); Втора жена (Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, 1973); Соја (Госпоѓа министерка, 1973); Леди Фицбатрес (Младите се прекрасни, 1974); Клеона (Андромаха, 1975); Ката (Млади синови, 1977); Петрија (Чорбаџи Теодос, 1979); Јованка (Лице в лице, 1979); Стојна (Свадба, 1979); Баба Трпана (Џинот фалбаџија, 1981); Кнез (Трите волшебни кучиња, 1982); Бабата (Пубертетлии и фосили, 1985); Савка (Госпоѓа министерка, 1990); Војводата Солин (Мајстори на забуни, 1994).