ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор

Натка Пенушлиска
(24 април 1934, Скопје)

Како најзначаен носител на балетската уметност од првиот период, таа го добива статусот примабалерина, потврдувајќи ги своите квалитети низ многубројните толкувани ролји.
Едукацијата ја започнува во 1947 година, како една од селектираните ученици кои беа дел од балетското студио при Пионерскиот дом "Карпош". Работи со балетските педагози Г. Македонски, А. Асман, а пресудна улога за нејзиниот развој има Н. Кирсанова. Во овој период потребата од формирање балетски ансамбл ја примора оваа прва генерација истовремено да реализира и сценска активност.
Пенушлиска-Митровска дебитира на петнаесетгодишна возраст, толкувајќи ја главната улога во балетот Бахчисарајска фонтана. На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) е активна од 1948 до 1972 година и е носител на севкупниот репертоар. Во сезоната 1953/54-та е испратена на специјализација во Париз, во студиото на Љ. Егорова и О. Преображенскаја, а во 1954 година посетува часови по модерен балет кај Кројцберг и класичен балет кај Гзовски во Цирих.
Сигурната техника, виртуозноста, нескротливиот сценски темперамент и особениот шарм ја прават синоним на македонскиот балет. Таа гради неверојатен сценски распон: од лиричниот, суптилен израз во ликовите на Марија, Жизел, преку строгата академска поставеност на Одилија, до темпераментната, бравурозна игра на Китри.
Наградите, критиките и одгласите се само потврда за нејзиниот исклучителен уметнички израз. По повлекувањето од сцената таа е активна со педагошки ангажман и со кореографските зафати.
Во 1967/68 година е на чело на балетскиот ансамбл.
Селективна театрографија:
Улоги
: Марија (Бахчисарајска фонтана, 1949); Франческа (Франческа да Ремини, 1951); Гитана (Болеро, 1951); Ела (Ѓавол на село, 1955); Жизел (Жизел 1956, 1963); Билјана, Бисерка (Охридска легенда, 1956, 1969); Одилија (Лебедово езеро, 1957); Џулиета (Ромео и Џулиета, 1959, 1962); Сванилда (Копелија, 1963); Луси (Аболиција, 1965); Дездемона (Отело); Балерина (Петрушка, 1967); Суламка (Песна над песните, 1967); Китри (Дон Кихот, 1972).
Кореографии
: Танчерка (музика К. Македонски, 1985); Елан (музика А. Лековски, 1985). Кореографии во оперите: Кармен (1977, 1984, 1986 и 1990); Кузман Капидан (1981; 1984); Илинден (1987). Асистент-кореограф на балетот Бахчисарајска фонтана (музика Б. Асафјев, кореографија В. Борковски, 1981).
Награди
: Награда од Владата на Народна Република Македонија за улогата на Марија во балетот Бахчисарајска фонтана (1950); Награда 11 Октомври за Pas de deux од балетот Дон Кихот (1959); Прогласена за најдобра класична балерина на Југословенско балетско биенале (Љубљана, 1960); Републичка награда 11 Октомври животно дело (1973).