ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Јован ПАШТИ - балетски играч

Јован Пашти
(23 декември 1924, Пригревица, Сомбор)

Еден од најзначајните балетски интерпретатори во периодот на конституирањето на балетскиот уметнички израз во Македонија. Учесник е во Народноослободителната војна, а по ослободувањето настапува во Уметничкиот ансамбл на Југословенската народна армија во Белград. Професионална едукација добива во Балетското училиште "Лујо Давичо" во Белград. Од 1949 година членува во балетскиот ансамбл на Народниот театар во Белград, каде што успешно напредува, добивајќи го статусот солист.
Во ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) доаѓа во 1952 година и е активен до 1972 година, а како носител на репертоарот го зазема статусот првенец.
Остварува специјализација во Париз кај истакнатите балетски педагози А. Долин, Мјасин, О. Преображенскаја и Љ. Јегорова.
Демонстрира елеганција, технички сигурна интерпретација, сугестивен сценски настап и изразено чувство за дуетен танц. Стилската палета на толкувани ролји го потврдува длабоко професионалниот приод, а неговиот танц ја открива есенцијалната, естетска линија, доминантна во толкуваната кореографска концепција.
Селективна театрографија (улоги)
: Ференц (Унгарска рапсодија, 1952); Тој (На балот, 1953); Педагог (Балетска импресија, 1953, 1962); Франц (Копелија, 1954); Дезире (Заспаната убавица, 1955); Марко (Охридска легенда, 1956, 1966); Алберт (Жизел, 1956); Рибар (Златната рипка, 1958); Ромео (Ромео и Џулиета, 1959); Зигфрид (Лебедово езеро); Д-р Басенеф (Кралица на островот, 1962).