ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер

Данчо Митровски
(7 јануари 1924, Куманово)

По завршеното гимназиско образоваие се вработува како актер на драмата при Македонскиот народен театар (МНТ), каде што останува од 1947 до 1981 година. Диригентот Ловро фон Матачиќ го открива неговиот басовски потенцијал и природниот музикалитет и го прифаќа како свој музички воспитаник. Како солист дебитира во улогата на Сарастро во операта Волшебната флејта (1951), за да оствари повеќе забележани партии во својот фах: Колен (Боеми, 1950); Дон Базилио (Севилскиот берберин); Крушина (Продадена невеста, 1949); Ферандо (Трубадур, 1951); Сулејман (Никола Шубиќ Зрински, 1952). Ја толкува насловната улога во праизведбата на првата македонска опера Гоце (1954).
Својот конечен творечки предизвик го наоѓа во оперската режија. За таа цел студира на Академијата во Загреб, во класата на проф. Коста Спаиќ. Како еден од двајцата постојано вработени режисери на Операта при МНТ, покажувајќи афинитет кон експресивните, колористички нагласени сценски решенија, ги поставува или обновува оперите: Боеми; Земјата на насмевките; Илинден; Кармен; Кавалерија рустикана; Кузман Капидан; Кнез Игор; Љубовна напивка; Малиот принц; Мадам Батерфлај; Палјачи; Така прават сите; Трубадур; Фауст; Цар Самоил.