ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Годишнини

Личности: годишнини

Васка БИЏОВА-ГАЈДОВА - сопран
Мери БОШКОВА - актерка
Јордан МИТРОВСКИ - драмски актер, оперски пејач и оперски режисер
Јован ПАШТИ - балетски играч
Натка ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА - балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор
Ратка ЧОРЕВСКА - актерка
Љупка ЏУНДЕВА - актерка

______________________________________________________

Мери БОШКОВА - актерка

(2 мај 1924, Битола)

Единствена, легендарна македонска актерка,  која успеала да изгради и развие блескава шестдецениска кариера,  што сеуште трае.
Нејзината појава, но и нејзиниот жив дух и нескротлива љубопитност целосно го проблематизираат инаку неспорниот факт дека оваа исклучителна  дама годинава наполнува точно осумдесет години живот.
Среќен роденден, мами !

***
Мери Бошкова
По завршеното основно училиште изучува шапкарски занает. По положената аудиција, како актерка се вработува во ансамблот на Народниот театар Битола (1945), за набргу да премине во Драмата на Македонскиот народен театар (1945-1956). Потоа работи во Драмата на Народно позориште во Белград (1957-1963) и повторно во Драмата на МНТ (1964-1982). Во театарот останува активана и по пензионирањето во 1982 година.
Селективна театрографија
: Елмира (Тартиф, 1945); Христина (Платон Кречет, 1945); Патренко (Мисијата на Мистер Перкинс во земјата на болшевиците, 1946); Смирнова Ана Петровна (Некаде во Москва, 1947); Темјанка (Задруга, 1950); Јана (Гоце, 1951); Себастијан (Ноќ спроти Водици, 1951); Леди Милфорд (Интрига и љубов, 1952); Дездемона (Отело, 1954); Настја (На дното, 1954); Бароница Кастели-Глембај (Господа Глембаеви, 1955); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 1956); Нора (Нора, 1957); Александра (Коломба, 1965); Антигона (Антигона, 1967); Иванова Кручинина (Без вина виновни, 1968); Божана (Печалбари, 1969); Олга (Три сестри, 1970); Дејнара (Херкул и оборите на Авгиј, 1971); Јунона Бојл (Јунона и паунот, 1971); Гонерила (Крал Лир, 1972); Елена Николаевна (Децата на сонцето, 1973); Живка (Госпоѓа министерка, 1977); Варвара Ставрогина (Бесови, 1978); Мадам Дибуа (Еригон, 1982); Мајката (Будење на пролетта 2000), Султана (Тетовирани души, 2001).
Селективна филмографија
: Фросина (1952); Мирно лето (1961); До победата и по неа (1966); Најдолгиот пат (1976); Ангели на отпад (1995).
Награди
: Награда 11 Октомври (1967 и 1980); Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Живка во претставата Госпоѓа министерка (Прилеп, 1977); Стериина награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Мадам Дибуа во претставата Еригон (Нови Сад, 1982); Награда на град Скопје 13 Ноември (1984); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1989); Награда на ревијата Екран за најдобро остварување на филм за улогата на Мими во филмот Ангели на отпад, во режија на Димитрие Османли (1995).