ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог

Илија Џувалековски
(20 август 1915, Прилеп - 18 октомври 2004, Скопје)

Во Прилеп завршува гимназија. Студира соло-пеење на Музичката академија во Белград. Образованието го продолжува на Државниот конзерваториум во Софија, каде што дипломира во 1941 година.

Во текот на војната настапува во ансамблот на Народен театар Скопје (1942/43), а по излегување во партизани е испратен во Москва (1944) да работи како спикер и редактор на Радио „Слободна Југославија“.

Од 1945 до 1963 година работи во Македонскиот народен театар. Во наредните десет години (1964-1974) со исклучителен успех настапува во повеќе загрепски театри (Хрватско народно казалиште, Театар „Комедија“), афирмирајќи се и како еден од најеминентните хрватски актери во тој период.

Во Загреб ја води првата класа македонски актери запишани на Академија за театарска уметност (1967-1971). По враќањето во Скопје на Вишата музичка школа, подоцна Факултет за драмски уметности, продолжува да го предава предметот глума (1972-1981).

Селективна театрографија: Платон (Платон Кречет, 1945); Павле Мариќ (Покојник,1946); Наци-Игњат Глембај (Господа Глембаеви, 1955); Отело (Отело, 1955); Дон Хуан (Многу врева за ништо, 1955); Несреќников Генадиј (Шума, 1959); Борис Алексиевич Тригорин (Галеб, 1960); Барон Лембах (Во агонија, 1960); Луков (Црнила, 1961); Лир (Крал Лир, 1972); Егор Буличов (Егор Буличов и другите, 1975); Реб Тевје (Свирач на покривот, 1983); Таткото (Црна дупка, 1988); Академикот (Бунт во домот за старци, 1994); Вентичело 2 (Амадеус, 1996).

Селективна филмографија: Фросина (1952); Волча ноќ (1955); Ешалонот на доктор М (1955); Клисура (1956); Малиот човек (1957); Туѓа земја (1957); Ќе се вратам (1957); Дубровски (1958); Мис Стон (1958); Виза на злото (1959); Кампо Мамула (1959); Кота 905 (1960); Мирно лето (1961); Зовриениот град (1961); Крст Рокоц (1962); Лице в лице (1963); Мугра (1964); Денови на искушение (1965); Циркус Рекс (1965); Каде по дождот (1967); Република во пламен (1969); Јад (1975); Оловна бригада (1980); Црвениот коњ (1981); Јужна патека (1982).

Режира неколку претстави и преведува пет оперски либрета.

Награди: Награда 11 Октомври (1973 и 1983); Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Симон во претставата Габи од Бранко Варошлија, продукција МНТ, режија Бранко Ставрев (Прилеп, 1982); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1990).