ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог

Димитар Ќостаров
(25 август 1912, Ичера/Сливен, Бугарија - 14 март 1997, Скопје)

Апсолвира математика на Универзитетот во Софија. Во 1937 година завршува двегодишно Актерско студио при Народниот театар во Софија, раководен од Н.О. Масалитинов, еден од соработниците на Станиславски.
Во периодот 1937-1943 е актер во театрите во Софија, Пловдив и во Скопје. На почетокот од 1944 година им се приклучува на македонските партизани и, најверојатно, ја организира/реализира првата поамбициозна партизанска приредба која ни е позната денес (2 мај 1944, село Равно, Кумановско).
Со Одлука на Владата на Народна Република Македонија од 31 јануари 1945 година за формирање на Македонскиот народен театар (МНТ), Ќостаров е именуван за негов управник и режисер. Ја поставува првата претстава на МНТ (Платон Кречет на А. Корнејчук, 3 април 1945), а во наредните две децении безмалку најголемиот дел од репертоарот на овој театар.
Функцијата директор на Драмата при МНТ ја извршува 12 години (1945-1957) - клучен период за конечната професионализација, не само на оваа куќа, туку и на македонскиот театар во целина. Меѓу 1945 и 1983 година режира 83 претстави, од кои 58 на сцената на МНТ. Кариерата ја завршува како професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1977-1981).
Како доследен поклоник/проследувач на таканаречената реалистичка естетика и поетика на Станиславски пројавува особен афинитет кон делата од руската класика (Гогољ, Горки, Достоевски, Тургењев, Островски, Чехов), но и кон некои од комедиите на Бранислав Нушиќ, чии изведби се евидентираат како антологиски постановки на МНТ (Сомнително лице, Госпоѓа министерка).
Селективна театрографија
: Платон Кречет (1945); Сомнително лице (1945); Тартиф (1945); Кралот на Бетајнова (1946); Покојник (1946); Тоска (опера, 1948); Женидба (1948); Задруга (1950); Гоце (1951); Вообразен болен (1952); Македонска крвава свадба (1953); Отело (1954); Нора (1957); Галеб (1960); Како што милувате (1964); Госпоѓа министерка (1965); Градскиот саат (1966); Чекор до есента (1969); Госпоѓа министерка (1977); Сомнително лице (1982); Госпоѓа министерка (1983).
Награди
: Награда на град Скопје 13 Ноември (1963); Награда 11 Октомври за претставата Фома (1972); Награда 11 Октомври за животно дело (1980); Награда на Фестивалот Стериино позорје за особени заслуги (Нови Сад, 1985); Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1995).