ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Кирил ЌОРТОШЕВ - актер

Кирил Ќортошрв
(1922, Ќустендил, Бугарија - 2003, Скопје)

Во биографијата на актерот Кирил Ќортошев  значајно место заземаат и неговите режии, како и неговата преведувачка работа. Одигра многу ликови во драмите на светската и домашната драматургија. Негов прв лик е Алојзие Зилбербрант во „Господа Глембаеви“ (1955 г.), а последен Грофот во „Бунт во домот за старци“ (1994 г.). Одигра низа ликови во драми од светската класика и од домашната драматургија. Го играше и Шекспировиот јунак Макбет, На сите ликови тој им даваше дел од својот сензибилитет, целиот свој принцип за припадност на сцената и точното чувство за партнерска игра. Познат е и како актер кој својот став го искажува и низ бунт, а за време на својот актерски век, смени неколку театарски ансамбли. Почна во Драмата на МНТ, помина во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, се врати во Драмата, замина од неа со групата која го формира Драмскиот театар и пак се врати во Драмата. Играше и во „Естрада 59“, заедно со актери на кои во тоа време исто им беше тесен просторт на официјална театарска институција.

Селективна театрографија:
Улоги
: Алојзие Зилбербрант (Господа Глембаеви, 1955); Алфред Дулитл (Пигмалион, 1962); Павле Мариќ (Покојник, 1967); Професорот Зоненбрух (Германци, 1968); Макбет (Макбет, 1969); Херкул (Херкул и оборите на Авгиј, 1971); Грофот Глостер (Крал Лир, 1972); Чорбаџи Теодос (Чорбаџи Теодос, 1978); Капетан Лебајткин (Бесови, 1978); Тате (Макавејските празници, 1983); Грофот (Бунт во домот за старци, 1994).
Режии
: Коштана (1956); Сите мои синови (1956); Милионерот (1956); Бегалка (1957); Ученикот на ѓаволот (1957); Вејка на ветрот (1958); Ѓаволштините на Скапен (1958); Умна глава (1983).
Награди
: Награда на град Скопје 13 Ноември (1965); Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Тате во претставата Макавејските празници (Прилеп, 1983); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1996).