ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер

Ненад Стојановски
(19 август 1952, Скопје - 14 јули 1998, Скопје)

Роден е во Скопје, на 19 август, 1952г. Првото актерско искуство го стекнува во Детската радио драма под раководство на Славица Тодорова. Гимназија учи во Скопје. За време на гимназиските денови членува во театарските групи „Не-театар Кактус“ и „Кај Св.Никита Голтарот“. Прво професионално актерско искуство го има во 1971г., на сцената на Драмата при Македонскиот народен театар, во претставата „Фарса за Храбриот Науме“, од Русомир Богдановски, режија на Владимир Милчин.
Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1976),
во класата на професорот Илија Џувалековски, со претставата „Враќање дома“ од Харолд Пинтер. Во 1975г., прв пат игра на сцената на Драмскиот театар од Скопје во претставата „И бол и бес“ од Славко Јаневски во режија на Димитрие Османли.
Работи во Драмски театар Скопје (1976-1998).
Игра и на сцените надвор од Македонија. Игра и во ТВ и радио драми. Заедно со Слободан Унковски и Јовица Михајловски го отвораат Културниотцентар „Мала станица“ во Скопје.
Почина во Скопје, на 14 јули, 1998г.
Селективна театрографија
: Андреја (Диво месо, 1979); Михајло (Лет во место, 1981); Матеј (Хај-фај, 1983); Пиги (Среќна Нова '49, 1985); Војдан (Тетовирани души, 1985); Дантон (Смртта на Дантон, 1987); Силјан (Црна дупка, 1988); Миле (Сили во воздухот, 1988); Дамјан (Кула вавилонска, 1990); Тејресија (Ojdipus Tiranos Sofocleus, 1997).
Награди
: Награда на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Андреја во претставата Диво месо (Нови Сад, 1980); Награда за најдобар млад актер на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница, (Прилеп, 1981); Награда за најдобра епизодна улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница (Прилеп, 1981); Награда за актерско остварување на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985); Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата Дупло дно (1985); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (1986); Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Миле во претставата Сили во воздухот (Нови Сад, 1989); Златен медал на Театарските свечености Љубиша Јовановиќ, за улогата на Дамјан во претставата Кула вавилонска (Шабац, 1990).