ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран

СКАЛОВСКА-МИРЧОВ, Марија
(1 март 1929, Каравуково - 24 јануари 2006, Скопје)

Музичко образование завршува во Средното музичко училиште во Нови Сад, во класите на професорите Рудолф Ертл и Евгениј Маријашец, а потоа приватно се усовршува кај проф. Злата Гунгенац во Белград. Дебитира со улогата на Микаела во 1950 година.

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) доаѓа на покана, како солист на Новосадската опера (1950-1952). Таа е певица со високопрофесионални цели, чија музикалност, со топла и сценска непосредност, набргу се вклопува во ансамблот како еден од неговите клучни протагонисти.

Во наредните дваесет и три години Марија Мирчов-Скаловска реализира дваесет и шест значајни партии од лирскиот и драмскиот фах, меѓу кои: Софи (Вертер, 1954); Марженка (Продадена невеста, 1956); Амор и Евридика (Орфеј и Евридика); Неда (Палјачи, 1957); Розина (Севилскиот берберин); Флорами (Мала Флорами, 1957); Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај); Мими (Боеми); Моника (Медиум, 1958); Лиза (Земјата на насмевките, 1962); Микаела (Кармен, 1965); Јана (Гоце); Магда (Пајажина, 1966); Манон Леско (Манон); Маргарета (Фауст, 1967); Ирена (Цар Самоил, 1968); Белинда (Дидона и Енеј, 1971); Дездемона (Отело); Гула (Еро од оној свет); Елизабета Валуа (Дон Карлос, 1972); Џилда (Риголето). Незаборавна останува нејзината креација на улогата Татјана во операта Евгениј Онегин, улога препознатлива за неа на повеќе сцени од поранешна Југославија.

Настапува како концертна певица и дава посебен придонес во афирмацијата на македонското творештво. Гостува на сцените во Франција, Италија, Романија, Бугарија.

Награди: Награда 11 Октомври за животно дело (1979).