ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Димитрие ОСМАНЛИ - режисер

Димитрие ОСМАНЛИ
(29 мај 1928, Битола - 13 март 2006, Скопје)

Дипломира на отсекот за режија на Театарската академија во Белград (1952). Се усовршува во Париз (1960-1962). Работи како уметнички раководител и режисер во Народниот театар Битола (1953-1954). Раководител е на уметничката реализација и режисер во Радио-телевизија Скопје (1965-1969). Уредник е на Забавната програма и режисер во Радио-телевизија Скопје (1969-1972). Професор е на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје (1970-1987) и негов декан (1979-1982). Се занимава и со филмска режија.

Селективна театрографија: Сите мои синови (1952); На крајот на патот (1955); Војникот фалбаџија (1955); Дневникот на Ана Франк (1958); Вејка на ветрот (1958); Гавран (1960); Оливер Твист (1963); Фармерки (1965); Хенри Осми и неговите шест жени (1967); Свадба (1972); Болва в уво (1974); И бол и бес (1975); Трамвај наречен желба (1979); Бабамбитолски патрдии (1981); Полнета птица (1982); Бог (1984); Хаос зад кулиси (1985); Свадба (1986); Салон Бумс (1987); Забуни (1989); Народен пратеник (1993); Кројач за дами (1996); Двајца во еден (1998).

Селективна филмографија: Бунтот на куклите (1957); Мирно лето (1961); Мементо (1967); Жед (1971); Ангели на отпад (1995). Режисер е и на 15 документарни филмови.

Награди: Прва награда за режија на Фестивалот за документарен филм, за филмот Дванаесетте од Папрадник (Белград, 1965); Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда (1966); Награда на град Скопје 13 Ноември за режија на филмот Мементо (1968); Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност (1979); Награда 11 Октомври за животно дело (1985); Признание Крупен план од Институтот за филм во Белград (1987); Голема златна плакета на Филмскиот фестивал Браќа Манаки за афирмација на Фестивалот (Битола, 1990); Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1999).