ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Личности, Македонски автори: Сеќавања

Личности: сеќавања

Александар АЛЕКСИЕВ - театролог, писател, театарски и литературен критичар, преведувач
Ацо АЛЕКСОВ - режисер
Бранко ВАРОШЛИЈА - театарски критичар и раскажувач
Зоран ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор
Нада ГЕШОСКА - актерка
Димитар ГЕШОСКИ - актер
Вукан ДИНЕВСКИ - актер и режисер
Сребре ЃАКОВСКИ - актер
Асије ЖУТА - актерка
Ѓорѓи ЗДРАВЕВ - костимограф
Марија ИСАЈА - актерка
Ѓорѓи КОЛОЗОВ - актер
Тодорка КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА - актерка, режисер, педагог
Бранко КОСТОВСКИ - сценограф
Марк МАРКУ  - актер
Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог
Димитрие ОСМАНЛИ - режисер
Антон ПАНОВ - поет, раскажувач и драматичар
Петре ПРЛИЧКО - актер, режисер
Добрила ПУЦКОВА - актерка
Благоја РИСТЕСКИ - ПЛАТНАР - драмски автор
Љутви СЕЈФУЛА - актер
Марија СКАЛОВСКА-МИРЧОВ - сопран
Димитар СТАНКОСКИ - режисер
Ненад СТОЈАНОВСКИ - актер
Кирил ЌОРТОШЕВ - актер
Димитар ЌОСТАРОВ - актер, режисер, педагог
Илија ЏУВАЛЕКОВСКИ - актер и педагог
Фазли ШАЌИРИ - актер
Шерафетин НЕБИ - актер, режисер, драмски автор
Кирил РИСТОСКИ - актер и педагог

______________________________________________________

Илија МИЛЧИН - актер, режисер, преведувач, педагог

Илија Милчин
(19 јуни 1918, Прилеп -11 март 2002, Скопје)

Студира на отсекот за театарска уметност на Музичката академија во Белград (1941). Дипломира на Правниот факултет во Софија (1942). Кон крајот на четириесеттите години посетува постдипломски студии за режија на Државниот театарски институт (ГИТИС) во Москва. Пред почетокот на Втората светска војна во Прилеп формира аматерска театарска група, чиишто членови кон крајот на војната ќе се приклучат кон Културно-уметничката група "Кочо Рацин" во Горно Врановци (1944). Учествува во формирањето на Македонскиот народен театар/МНТ (1945), каде што работи како актер и режисер (1945-1983), а ја извршува и функцијата директор на Драмата (1964-1969).

Формира и раководи Областен македонски народен театар во Горна Џумаја (денешен Благоевград), Република Бугарија (1947/1948). Во Државна средна театарска школа во Скопје работи како наставник по актерска игра и по историја на театарот (1947-1951). Работи како вонреден професор по актерска игра на отсекот за соло-пеење (1968) и на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1970). До 1973 година е шеф на Катедрата за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, а од 1999 година на овој Факултет на отсекот за актерска игра е хонорарен професор по предметот правоговор. Селективна театрографија: Улоги: Платон (Платон Кречет, 1945); Малволио (Ноќ спроти Водици, 1951); Јаго (Отело,1954); Д-р Пхил, Леоне Глембај (Господа Глембаеви, 1956); Волпоне (Волпоне, 1961); Губернаторот (Смртта на губернаторот, 1962); Антонио (Венецијански трговец, 1970); Галилео Галилеј (Галилео Галилеј, 1972); Игњат Наци Глембај (Господа Глембаеви, 1974); Степан Трофимович (Бесови, 1978); Панглос (Кандид, 1980); Живадин Филиповиќ (Југословенска антитеза, 1985); Татко Бенеша (Калугерички тишини, 1987); Петре лажот (Спиро Црне, 1989). Режии: Стаклена менажерија од Тенеси Вилијамс (1954); На дното од Максим Горки (1954); Вештерките од Салем од Артур Милер (1955); Глорија од Ранко Маринковиќ (1957); Школа за озборување од Шеридан (1959); Кога бранот бучи/Деветтиот бран од Никола Јонков Вапцаров (1960); Црнила од Коле Чашуле (1961); Антигона од Софокле (1967); Дабот и ангорските зајаци од Мартин Валзер (1969); Три сестри од Антон Павлович Чехов (1970); Деца на сонцето од Максим Горки (1973); Хеда Габлер од Хенрик Ибзен (1976); Бесови од Фјодор Михајлович Достоевски (1978); Деца на сонцето од Максим Горки (1981/82); Антигона од Софокле (1982/ 83). Селективна филмографија (улоги): Мис Стон (1958); Мирно лето (1962); Пресметка (1962); До победата и по неа (1966); Македонска крвава свадба (1967); Република во пламен (1969); Човек во црно (1970); Македонски дел од пеколот (1971); Исправи се, Делфина (1977); Пресуда (1977); Црвениот коњ (1981). Покрај актерскиот и режисерскиот ангажман Милчин и преведува, најчесто од руски, српски, хрватски и од француски јазик. Има преведено над триесетина драмски дела: Малограѓанска свадба од Бертолд Брехт; Госпоѓа министерка од Бранислав Нушиќ; Господа Глембаеви од Мирослав Крлежа; Шест лица го бараат авторот од Луиџи Пирандело; Домот на Бернарда Алба и Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка; Стаклена менажерија од Тенеси Вилјамс; Вообразен болен од Жан Батист Поклен Молиер; Д-р од Бранислав Нушиќ; Васа Железнова од Николај Васиљевич Гогољ; Кралот на Бетајнова од Иван Цанкар; Глорија од Ранко Маринковиќ; Нора од Хенрик Ибзен; Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевич Булгаков; Калугерички тишини од Слободан Шнајдер; Смртта на Дантон од Георг Бихнер и други. Награди: Награда 11 Октомври (1963 и 1980); Награда на град Скопје 13 Ноември (1973); Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МНТ) Војдан Чернодрински за улогата на Таткото во претставата Обесеник од Борислав Пекиќ, режија Владимир Милчин, продукција МНТ (Прилеп, 1979); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1987); Награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје (Нови Сад, 1987).