Осумдесетгодишнината од
организираниот театарски живот во Штип
По
иницијатива на Народниот театар во Штип, кој во текот на оваа година
преку низа манифестации ќе ја одбележува 80-годишнината од изведбата на
првите театарски претстави во овој град, прикажани во сопствена
продукција, Институтот за театрологија прифати
да го конципира и реализира научниот собир на оваа тема.
Овој собир, кој имаше форма на симпозиум (заради што ќе
му претходат некои истражувања на примарната театрографска граѓа, достапна во архивите во Македонија и во Србија), се одржа во Штип, на 5 ноември 2004. На него учествуваа
дваесеттина еминентни научници од Македонија и од странство
(театролози, културолози, теаатрски критичари и публицисти).
По одржаниот симпозиум, трудовите и дискусиите ќе бидат објавени во
посебен зборник, кој, освен триесеттина табаци текст, ќе содржи и околу стотина фотографии.
