Илија Милчин – монографија
(2003)
Започнувајќи со
собирање и обработка на граѓата за оваа капитална книга пред повеќе
години, истражувачкиот тим на Институтот – за жал – не успеа целосно да
ја доврши и објави пред смртта на нејзиниот протагонист, еден од
втемелувачите на македонското глумиште, професорот Илија Милчин.
По неговото заминување, благодарение на разбирањето и интересот на МТФ
„Војдан Чернодрински“, кој фигурира како нејзиниот директен издавач,
монографијата е подготвена и промовирана во Прилеп, во рамките на
фестивалот, на 19 јуни 2003 – денот на 85-от роденден на Милчин.
Оваа репрезентативна, луксузно опремена, содржински сосема ексклузивна
книга содржи 13 аналитички и евокативни текстови на исто толку
реномирани автори (театролози, театарски критичари, актери, писатели) и
198 фотографии со висока документарна, но и сентиментална вредност.

