Македонскиот театар во
контекст на балканската театарска сфера (допири, врски, влијанија,
специфики)
Тригодишен научно истражувачки проект, во рамките на кој систематски се
разгледува историскиот, социјален, геополитички, идеолошки,
антрополошки и - најсуштествено! - ЕСТЕТИЧКИ КОНТЕКСТ во којшто, во
протег на изминативе 25 века, се развивал театарот на македонската
почва.
Постапното реализирање на овој проект фактички ќе резултира со пишување
на научно фундирана и аргиментирана ИСТОРИЈА НА ТЕАТАРОТ НА ОВИЕ
ПРОСТОРИ.
Специфичностите на таа историја - детектирање и дефинирање на
околностите коишто ги определуваат нејзините естетички валери (инаку,
еминентно балкански), можат да се разберат само доколку најпрвин се
истражи/протолкува/реконструира имено спецификата на таканаречената
БАЛКАНСКА ТЕАТАРСКА СФЕРА, разбрана како сплет на културолошки
(театарски) допири, врски и влијанија, односно нивното значење од
синхрониски и од дијахрониски аспект.
Овој проект, значи, анализира одделни маркантни/сигнификантни феномени
од балканската и - последователно - македонската театарска историја врз
основа на три клучни методолошки принципи: теориски пристап кон
одделен театарски проблем; истражување на меѓусебната условеност на
театарската теорија и практика; конституирање на театролошки
релевантна слика за одредена театарска појава, епоха или стил.
Започнат во јули/септември 2003, проектот ќе биде завршен до јуни 2006;
финансиран е од Министерството за образование и наука на Република
Македонија.
