Физибилити студија за
формирање на Театарски музеј на Република Македонија
Проценувајќи ја
потребата од формирање на Театарски музеј на Република Македонија како
повеќе од оправдана, соработниците на Институтот планираат во текот на
2004 година да изработат физиблити студија за реализацијата на овој
проект.
За да се изработи издржана, апликативна студија, која нема да го
респектира само нивото на потесната струка (театрологијата), туку ќе
биде и музеолошки релевантна, соработниците на Институтот имаат намера
да спроведат истражување на актуелниот статус на театарската
музеологија во регионот, но и да ги приберат релевантите информации за
развојот на актуелната театарска музеологија во светот.
Студијата ќе биде работена во консултација со македонските музеолози, а
Институтот ќе настојува да организира и панел дискусијата за нејзините
битни изводи.
Изработената и евалуирана студија ќе му биде доставена на
Министерството за култура на Република Македонија.
