 |
Во текот на 2004 година, соработниците на
Институтот ќе ја прибираат и систематизираат граѓата за изработка на
монографијата посветена на Илија Џувалековски (роден 1915), еден од
основоположниците на македонскиот современ театар. Врз основа на таа
граѓа, би требало да се пишуваат текстови што ќе бидат претставени во
оваа книга, која би требало да се објави во текот на првата половина од
2005 година, по повод деведесетгодишнината од раѓањето на Џувалековски,
еден од најинтригантните македонски актери.
|