Македонска театролошка
дата-база: фази I-VI (1999-2004)
Основниот
научно истражувачки проект на Институтот, именуван како МАКЕДОНСКА
ТЕАТРОЛОШКА ДАТА-БАЗА, покренат е со намера да се приберат,
систематизираат и – бидејќи се чуваат во дигитална форма – да се
направат општодостапни (лесно пребарливи) сите основни/базични
театрографски податоци коишто го реферираат театарскиот живот во
Македонија, до денес.
Во текот на изминативе пет години, во оваа база се внесени и
систематизирани:
- комплетни репертоарски податоци за сите претстави (драмски, оперски,
балетски, куклени, детски), одиграни во македонските професионални
театри од 1945 до денес (целосно се обработени над 4.500 претстави)
- делумни репертоарски податоци за сите претстави одиграни во
професионалните театри кои работеле во Македонија ос 1913 до 1944
(обработени околу 1.000 претстави)
- делумни репертоари на петнаесетина алтернативни театри кои работеле и
работат во Македонија
- персонални датотеки за повеќе од 700 автори
- библиографски референци за над 40.000 театарски критики
- околу 7.500 обработени/идентификувани фотографии
- комплетни податоци за сите релевантни театарски фестивали што се
одржуваат во Македонија
- комплетни податоци за сите видови/форми на театарската едукација што
се практикува во Македонија
Институтот поседува колекција од над 200 дигитализирани видео-записи од
претставите играни на сцените на македонските театри или на сцените во
странство, на кои гостувале одделни македонски режисери.
