Македонска театролошка
дата-база - фаза VII (2005)
Во текот на 2005 година, истражувачкиот тим
составен од 3 члена (1 главен истражувач, 1 истражувач-координатор, 1
истражувач-компјутерски оператор), како и надворешни соработници,
експерти за определени области, кои ќе бидат повикувани по потреба, ќе
продолжи тематски да ја истражува СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ТЕАТРАЛИКА
(ХХ и XXI ВЕК).
Стратешка цел на овој дел од проектот е пренесување во
дигитална форма на севкупниот документациски материјал со кој
располагаат театрите во Македонија
• Дигитализирање на видео-записите од претставите (драмски, оперски,
балетски).
• Дигитализирање на театарската критика (1913-2002) – приближно 4000
eдиници.
• Детална обработка на персонални датотеки (театрографии, хронологии,
референтни библиографии) за претходно селектирани автори (актери,
режисери, оперски солисти, диригенти, композитори);
• Содржинско профилирање и перманентно ажурирање на интернет страницата
(WEB-SITE) на Институтот за театрологија, преку која податоците од
дата-базата постојано им се на располагање на најширокиот (практички
неограничен) круг потенцијални корисници.
• Изработка на физибилити студија за втемелување на Театарски музеј на
Република Македонија.
