Театарот на македонската почва – енциклопедија,
ЦД-ром (2002)
Врз основа на повеќегодишни
истражувања и на систематизираните податоци кои се чуваат во МАКЕДОНСКАТА ТЕАТРОЛОШКА ДАТА-БАЗА,
соработниците на Институтот во 2002 година ја објавија и првата
дигитална енциклопедија подготвена и публикувана во Македонија, воедно
и единствена дигитална театарска енциклопедија на Балканот.
Оваа
енциклопедија содржи повеќе од 3.500 страници текст, организиран во
околу 6.000 единици (3.642 театарски претстави, 1.530 претстави
прикажани на 5 најрелевантни македонски театарски фестивали, 680
биографии на актери, режисери, драмски автори, оперски и балетски
солисти, сценографи, костимографи, критичари...).
Во енциклопедијата се имплементирани повеќе од 2.500 фотографии, 30
минути видео записи, повеќе од 30 минути аудио записи, како и
3Д-моделната реконструкција на античкиот театар во Хераклеа, Линкестис.
Високо оценет и вреднуван, овој капитален проект ја доби и наградата
„Гоце Делчев“ за 2003 година, највисоката награда за научни
достигнувања во Македонија.
