БАЛКАНСКА ТЕАТАРСКА СФЕРА -
меѓународна театролошка конференција
Во рамките
на фестивалот „Скомрахи“, во Скопје е одржана меѓународна
театролошка конференција на која учествуваа тринаесет театролози од
шест балкански земји (Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Босна
и Херцеговина, Бугарија, Македонија).
Расправајќи за балканската театарска сфера, тие настојуваа
аргументирано, методолошки издржано и теориски консеквентно да ги
детектираат и дефинираат заедничките и/или слични елементи на
театралноста, коишто безмалку закономерно се појавуваат во секоја од
поединечните (национални) театарски истории.
По
конференцијата, одржана на 1 април 2003, објавен е зборник на
презентираните
трудови, како и транслитерацијата на интегралната дискусија.
Подготовките на симпозиумот и на зборникот целосно ги извршија
членовите
на научно истражувачкиот тим на Институтот за театрологија.